Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
image image image image image
ФБЕ и ИБЕ како ко-организатори на Првата меѓународна студентска конференција во Бугарија   Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) и Институтот за бизнис економија (ИБЕ) се ко-организатори на Првата меѓународна студентска конференција “Можности и предизвици на студентската мобилност“, која ќе се одржи на 10-ти октомври, 2019-та година во Софија, Бугарија.
Презентација на ученичка компанија од страна на СУГС „Владо Тасевски“   Students from SAGS "Vlado Tasevski" visited the Integrated Business Faculty on 15.05.2019 (Wednesday), in order to present their student company "Alter".
Успешно започнување на Еразмус+ соработка со Oporto Global University   Факултетот за бизнис економија и Глобалниот Универзитет во Порто започнаа Еразмус+ соработка за размена на наставен кадар во текот на април, со учество на вработен на ФБЕ на конференција во Португалија. 
Успешно организирана првата меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата   На 12ти април, 2019-та година, во просториите на Институтот за бизнис економија (ИБЕ) и Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) беше организирана првата меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата, во рамки на првата меѓународна Еразмус+ недела која се одржа од 8 до 12 април.
Организирана првата Меѓународна Еразмус+ недела на Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија   Во периодот од 8-ми до 12-ти април, 2019-та година, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) и Институтот за бизнис економија (ИБЕ) ја организираа првата Меѓународна Еразмус+ недела.

Алумни

Драги Алумни,

Добредојдовте во Алумни групата на Факултетот за бизнис економија!

Како веќе дипломирани студенти на Факултетот за Бизнис економија, вие сте дел од нашата Алумни група. Целта на оваа група е поврзување и одржување контакти меѓу веќе дипломираните студенти на ФБЕ и информирање за сите новости и настани на Факултетот. Во рамките на оваа група би сакале да ги споделите вашите впечатоци  и искуства стекнати на ФБE, како и да дознаеме повеќе за развојот на вашите професионални кариери. Сето тоа  ќе придонесе меѓусебно да бидеме во тек со настаните и истовремено ќе послужи како инспирација за постигнување успеси за сите сегашни и идни студенти на ФБЕ.

Во моментов, базата од Алумни групата се изработува. Ако сте завршен студент на Факултетот за Бизнис економија, Ве молиме да ни испратите на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите кратко резиме од Вашите професионални искуства, како и Ваш контакт за поврзување со останатите во групата.

Овој дел од веб страната на Факултетот за бизнис економија ви припаѓа вам! Доколку имате сугестии и/или коментари ќе ни биде драго да не контактирате на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Нека најголемиот број од вашите конекции бидат со Факултетот за Бизнис економија!

Ве очекуваме!