Водени од светските искуства кои значат квалитетно и ефикасно образование, пред сé од моделот на Интегрираниот Бизнис Курикулум (Integrated Business Curriculum)-курс кој се предава на Државниот Универзитет на Ајдахо-САД (види: www.uidaho.edu), нашата наставна програма за додипломските студии е составена од три студиски години, односно шест семестри. Првите две студиски години се исти за сите студенти и се однесуваат на Интегрираниот бизнис курикулум-IBC пристап, додека во последната (третата) студиска година, во зависност од преференциите на студентите, дадена е можност за избор меѓу пет опции: финансиски менаџмент, маркетинг менаџмент и одржлив развој-еколошка економија, регионален и локален бизнис развој и банкарство.
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk