Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Зошто е ФБЕ - IBF подобар од другите факултети?

ФБЕ-IBF нуди такви студии, кои ќе создаваат вештини и знаења за носење одлуки и користење на средства во бизнисот, и ќе овозможи директно практично искуство на студентите преку вклучување во широк спектар од тимски проекти засновани на постоечките компании. Ваквиот пристап овозможува во текот на студиите да се применуваат и симулациони техники за проценка и анализа, практично применување на стекнатите знаења низ:

a)      виртуелни студентски компании, разни симулациони техники  и

б)      студентска пракса во текот на летниот/зимскиот распуст во разни претпријатија.

Покрај планираната студентска пракса, карактеристично обележје на ФБЕ-IBF ќе биде Интегрираниот бизнис курикулум-IBC, кој е моделиран според ист таков спроведен во САД, а кој се покажал како успешен во подготовката на дипломците да создадат вредност за фирмата на нивниот работодавец, уште од првиот ден на нивното вработување.

Студиите на Факултетот за бизнис економија се организираат семестрално. Во секој семестар  вршат уписи. Пролетниот семестар започнува од  15 февруари и трае до 30 јуни (настава од 15 февруари до 31 мај, испитна сесија од 1 до 15 јуни) во тековната година. Зимскиот семестар започнува од 1 октомври и трае до 14 февруари (настава од 1 октомври до 25 декември, испитна сесија од 1 до 15 јануари). Инаку секоја учебна година се реализира во текот на  два семестра.

По завршувањето на тригодишните (додипломски) студии, на студентот веднаш му се нуди можноста за продолжување на образованието на еден од понудените последипломски студии (Економија за бизнис или Одржлив развој) кои се со времетраење од 4 семестри, односно 2 студиски години-со што всушност, во рок од пет студиски години студентот може да се стекне со научното звање-магистер по економија. Користењето на опцијата за интегрирање на додипломскиот и последипломскиот студиум за секој запишан студент на Факултетот за бизнис економија, е крајната цел и основниот императив на нашите напори за подигнување на квалитетот и ефикасноста на високото образование во нашата земја.

Ваквиот режим на студии за прв пат се воведува во Република Македонија, и претставува аргумент повеќе кога треба да направите избор на која високообразовна институција да се запишете.