Капацитет
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
image image image image image
Бескаматен студентски кредит за студентите на ФБЕ

Со цел обезбедување на квалитетно и ефикасно образование достапно за сите, НЛБ Банка, Ви ја  претставува можноста за финансирање на студиите со
Повик за објавување на трудови во Списанието за одржлив развој   Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој објавува повик за публикување на трудови за 23-тиот број на списанието.
Упис во академската 2019/2020
Почитувани, отворен е конкурсот за упис во академската 2019/2020-та година. Условите за упис на Факултетот за бизнис економија се:
Публикуван е нов број од Списанието за одржлив развој
Почитувани посетители,
Објавен е новиот, 22-ри број од Списанието за одржлив развој во издание на Факултетот за Бизнис економија. Истиот можете да го погледнете на следниот линк.
ФБЕ и ИБЕ како ко-организатори на Првата меѓународна студентска конференција во Бугарија   Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) и Институтот за бизнис економија (ИБЕ) се ко-организатори на Првата меѓународна студентска конференција “Можности и предизвици на студентската мобилност“, која ќе се одржи на 10-ти октомври, 2019-та година во Софија, Бугарија.

Капацитет

ФБЕ-IBF во соработка со основачот АД "Неоком" Скопје, Универзитетска фондација "Ново образование за бизнис", ќе ги обезбеди потребните просторни услови предвидени со критериумите и нормативите на Законот за високо образование.

Реализацијата на наставните програми и пратечки активности ќе се остварува во работа со групи од 20-30 студенти, заеднички амфитеатар опремен за сателитски видео-конференции, компјутерска лабораторија, заедничка библиотека и on-line пристап до сите достапни библиотечни бази (во земјата и странство). Потребните учебни помагала и компјутерска опрема студентите ќе можат да ги купат или да ги користат преку системот на лизинг.

Распоредот на активностите предвидени во наставните програми на Факултетот, ќе се утврдува со одлука на Наставничкиот совет пред почетокот на секој семестар. Притоа, предавањата и вежбите ќе се организираат во период од 9-15 часот, додека студентите ќе можат да ја користат компјутерската лабораторија за извршување на активностите за самостојна работа во периодот од 15-18 часот, секој работен ден.

Заради унапредување на нивото на задоволување на потребите на студентите, на Факултетот може да се организираат и дополнителни активности (видео конференции, on-line настава од американски и европски Универзитети и сл.) во вечерните часови во текот на работните денови, за што студентите ќе бидат навремено информирани.

Во прилог на Microsoft Office Suite и Access софтверот, компјутерскиот софтвер ќе вклучува и географски информатички системи (ГИС) за користење во бизнис лоцирањето и менаџмент одлуките како и во маркетингот и рекламирањето. ГИС лабораторијата и наставата можеби ќе бидат единствената ваква програма во Македонија и како таква на студентите на ФБЕ-IBF ќе им ја даде предноста во оваа област која брзо се развива.