Д-р Димитар Ефтимоски
Економија
(микро и макроекономија),
Менаџерска економија и
Економија на развојот
Професорот Димитар Ефтимоски докторирал во 2002 година, во областа на макроекономската и развојната теорија. Од 2010 година е редовен професор по Економска теорија и Економски развој. Има реализирано студиски престои во Словачка, Австрија и Велика Британија, а учествувал и на повеќе домашни и меѓународни научни собири и проекти. На Факултетот за бизнис економија ги предава предметите Економија (макроекономија и микроекономија), Менаџерска економија и Економија на развојот. Професорот Ефтимоски е автор на поголем број научни и стручни трудови, книги и учебници, меѓу кои позначаен е учебникот „Економски раст“.
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Д-р Жанина Кировска
Стратегии
и тактики за формирање на цените, Одржлив маркетинг, Управување со човечки
ресурси, Основи на маркетинг, Промоција и пропаганда
Д-р Жанина Кировска докторирала во 2004 година, на Универзитетот "Св.Климент Охридски", Битола. Има долгогодишното искуство во органите на државната управа при спроведување на владини реформи и градење на институционалните капацитети. Во текот на професионалната работа координира низа проекти, а надградбата ја надополнува со учество на бројни обуки, студиски престои и работилници. Има повеќегодишно искуство во високо-образовната и научно-истражувачка работа. На Факултетот за бизнис економија е избрана во наставно звање професор за група предмети од областа на економските науки, а ангажирана е и на последипломските и докторските студии на Институтот за бизнис економија (ИБЕ) со научно звање вонреден професор/Виш научен соработник.
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Д-р Слаѓана Стојановска
Маркетинг Менаџмент, Меѓународен маркетинг, Стратегии на промоција, Маркетинг на услуги, Однесување на потрошувачи и Маркетинг информациони системи
СЛАЃАНА
СТОЈАНОВСКА е професор на ВСШ Факултет за бизнис економија (ФБЕ) и научен
советник на Институтот за бизнис економија (ИБЕ). За време на нејзината наставничка
кариера, таа има подготвено повеќе сопствени предавања за група предмети од одбласта на Маркетинг. Автор
е на книгите Креирање на конкурентен
бизнис во Македонија, Водич за
маркетинг план и Однесување на
потрошувачите и маркетинг аспекти. Таа патуваше и држеше предавања на повеќе
универзитети низ цела Европа и Индија и беше пленарен говорник на бројни
академски и деловни конференции. Таа е претседавач на меѓународните
академски конференции на Masters International Research & Development
Center – MIRDEC (www.mirdec.com),
уредник на повеќе конференциски
зборници,
член во Уредувачкиот
одбор на ФОКУС (FOCUS):
Journal of International Business (www.journalpressindia.com) и рецензент на
повеќе од дваесет статии. Низ годините, таа работеше во неколку компании како менаџер
за анализа на планирање, новинар и уредник на ТВ-емисии, маркетинг директор за списанието Право и менаџмент на интелектуална
сопственост и беше основач
и директор на консултантска компанија. Таа успешно го инкорпорира своето знаење и практично искуство од деловниот
сектор во подготовката и спроведувањето на бројни национални и меѓународни
проекти, каде што беше ангажирана како проект-менаџер, консултант и тренер.
Како експерт и истражувач работеше на истражување на пазарот, стратегија за
маркетинг и подготовка на деловни планови за многу компании во земјата.
Нејзиниот фокус беше и сè уште е конкурентност на компанијата.
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска
Математика
за економисти, Економска статистика, Иновации и развој, Економско истражување и
Економетрија
Д- р Анета Васиљевиќ-Шикалеска докторирала во областа на инженерски науки на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Наставната дејност на Факултет за бизнис економија ја остварува како професор по предметите Математика за економисти, Статистика за економисти, Економска статистика, Иновации и развој, Економско истражување и Економетрија. Од 2013 година ангажирана е како научен соработник/доцент на Институт за бизнис економија. Во рамките на научно-истражувачката работа има активно учество како истражувач и координатор во повеќе научно-истражувачки и развојни проекти, остварува бројни престои на универзитети и истражувачки институции надвор од земјата, како и на работилници и летни школи, а постиганите резултати ги презентира партиципирајќи со повеќе трудови на различни симпозиуми и конгреси. Исто така д-р Васиљевиќ-Шикалеска е рецензент во истакнати странски списанија и има искуство како обучувач и во подготовка и евалуирање на проекти. Нејзините области на интерес се околина и заштита на околина, одржлив развој и нови материјали.
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Д-р Биљана Ѓозинска,
Деловно
право, Даночно право и даночен менаџмент, Интегриран бизнис пристап -ИБП
Д-р Биљана Ѓозинска докторирала во декември 2012 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, 2012 година во областа на Меѓународното право. Има повеќегодишно работно искуство во високообразовната дејност и во областа на правосудството.
На Факултетот за бизнис економија работи од ноември 2011 година. Пет години ги извршуваше обврските на Секретар на Факултетот. Наставната дејност ја остварува како професор по предметот Деловно право, Даночно право и даночен менаџмент и вклучена е во наставниот процес на предметот Интегриран бизнис пристап. Во 2013 година избарана е како доцент/научен соработник на Институт за бизнис економија. Во рамките на научно-истражувачката работа има активно учество како истражувач во повеќе меѓународни истражувачки проекти. Исто така д-р Биљана Ѓозинска автор е на повеќе научни трудови и е рецензент во меѓународно научно списание.
За директор на Факултетот за бизнис економија избрана е во март 2017 година.е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Д-р Крсте Шајноски
Финансирање
и кредитирање на надворешна трговија, Корпоративни финасии, Финансиски пазари и
нституции, Меѓународни деловбни финасии, Банкарско финансирање на надворешна трговија
Професорот Крсте Шајноски докторирал во 2009 годинина на Економскиот институт во Скопје. Истата година е избран како доцент од областа на Монетарната економија на Економскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип. Неговите истражувањa се насочени кон монетарните прашања, девизните проблеми, финансиските пазари. Шајноски има објавено две книги, два учебника, и една монографија. Во исто време самостојно или во коавторство има изработено повеќе меѓународно научно истражувачки трудови . Во 2016 година е избран за вонреден професор каде на Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија редовно ги реализира предметите „Корпоративни финансии“, „Меѓународни деловни финансии“, „Финансиски пазари и институции“, „Хартии од вредност и портфолио менаџмент
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
д-р Аземина
Машовиќ
Економија на регионални интеграции, Глобална економија, Меѓународна економија, Основи на менаџмент
Во април 2017 година, докторирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во областа на меѓународен бизнис. Има повеќегодишно работно искуство во високообразовна дејност. Автор е на повеќе стручни и научни трудови објавени во национални и меѓународни списанија и ко-автор на универзитетски учебник.
Од 2014 година ангажирана е како секретар на меѓународно научно списание, а активно се јавува како рецензент во повеќе меѓународни научни списанија.
Во 2018 година избрана е како доцент/научен соработник на Институтот за бизнис економија. Во рамките на научно-истражувачката работи, има учество во меѓународни истражувачки проекти, како и остварува повеќе студиски престои во странство.
Нејзиниот едукативен и истражувачки интерес е во областа на стратегиски менаџмент, меѓународен бизнис и меѓународна економија. На Факултетот за бизнис економија работи од октомври 2017 година.E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Никола Рендевски
Информациско комуникациски технологии за бизнис
E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk