Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Квантитавни Методи за Бизнис и Економија

Со изучувањето на овој предмет студентите преку практични примери ќе се здобијат со знаење за примената на квантитативните методи и техники во економијата и бизнсот што ќе им даде можност да правал сеопфатни анализи на бизнис проблемите со кои ќе се при развојот на понатамошните кариери.

Цели
Наставните содржини на овој предмет ќе им овозможат на студентите да научат како да се применуваат математичките и статистичките алатки во различни области на бизнисот и економијата.

Опис на предметот
Со изучувањето на овој предмет студентите преку практични примери ќе се здобијат со знаење за примената на квантитативните методи и техники во економијата и бизнсот што ќе им даде можност да правал сеопфатни анализи на бизнис проблемите со кои ќе се при развојот на понатамошните кариери.

Претходни знаења

Со цел да може да се следи натсавата на овој предмет кандидатите потребно е да имаат познавања од математиката на гимназиско ниво.


Книги и прирачници:
1.    J. Baldani, J. Bradfield, W. Turner, Mathematical economics, 2nd edition, 2005
2.    R. A. DeFusco, D. W. McLeavey, J. E. Pinto, D. E. Runkle, Quantitative methods for investment analysis, 2001R. J. Barro, X. Sala-i-Martin, Economic growth, 2001 (Appendix on mathematical methods)
3.    T. Sincich, Business statistics by example, V edition,  Prentice Hall Inc, 1996
4.    P. Newbold, W.L. Carlson, B. Thorne, Statistics for business and econimics, VI Edition, Prentice Hall Inc., 2007
5.    D. F. Groebner, P.W. Shanon, P. C. Fry, K. D. Smith, Business statistics, a decision-making approach, Prentice Hall Inc., 2001


Наставни содржини

I. Временска вредност на парите
I.1. Каматни и дисконтни стапки
I.2 Пресметување на готовински текови кај инвестициони проекти
I.2.1 Идна вредност на единечен готовински тек
I.2.2 Идна вредност на серија готовински текови
I.2.3. Сегашна вредност на единечен готовински тек
I.2.4. Сегашна вредност на единечен готовински тек

II. Економски функции
II.1.Функција на прозводство
II.2.Функција на трошок
II.3.Функција на профит
II.4. Праг на рентабилност

III.Статичка анализа
III.1. Рамнотежна анализа
III.2. Линеарни модели во бизнисот и економијата
III.3. Нелинеарни модели

IV. Квантитативни техники на истражување
IV.1. Собирање, обработка и презентација на резултатите
IV.2. Квалитативни и кавантитативни податоци
Студија на случај

V. Нумерички постапки за опишување на квантитативните податоци
V.1. Мерки на централна тенденција
V.2.  Мерки на варијабилност
V.3. Мерки на облик
Студија на случај

VI. Веројатност-Основни концепти
VI.1. Дискретни дистрибуции на веројатност
VI.1.1. Биномиална дистрибуција
VI.1.2. Поасон-ова дистрибуција
Студија на случај
VI.2. Континуирана дистрибуција на веројатности
VI.2.1. Нормална дистрибусија и нејзина примена во бизнисот
Студија на случај

VII. Теорија на примерок
VII.1. Примерок и популација
VII.2. Теорема на централен лимес
VII.3. Интервали на доверба
Студија на случај


VIII. Статистичка оценка-големи примероци
VIII.1. Пресметување на параметри
VIII.2. Пресметување на   во точка и интервал
VIII.3. Тестирање на хипотези
Студија на случај

IX. Статистичка оценка-мали примероци
IX.1. Студент-ова дистрибуција
IX.2. Тестирање на хипотези и значајност
IX.3. Хи квадрат дистрибуција

X Анализа на портфолио

XI. Регресиона анализа и корелација
XI.1. Метод на најмали квадрати
XI.2. Коефициент на корелација

XII. Контрола на квалитет
XII.1. Менаџмент на квалитетот
XII.2. Варијабилни контролни графици
XII.3. Контролни графици за средни вредности
XII. Контролни графици за стандардни девијации
Студија на случај

XIII. Временски серии и предвидување
XIII.1. Компоненти на временска серија
XIII.2. Индексни броеви
XIII.3. Техники на израмнување на серија (Smoothing methods)
XIII.4. Предвидување со примена на техниките на израмнување на серија
XIII.5. Предвидување со користење на регресиона анализа
Студија на случај