За да ги добие потребните бодови за положување на секој предмет од наставната програма, студентот треба успешно (целосно, навремено, квалитетно и посветено) да ги извршува задачите поставени од професорите.
Финалните оценки се добиваат врз основа на следните критериуми:
Согласно Законот за високото образование на Република Македонија, како и европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС), ФБЕ за оценување ја користи следнава скала:
МАКЕДОНСКА СКАЛА |
ЕКТС СКАЛА |
ОБЈАСНУВАЊЕ |
10 |
A |
ОДЛИЧНО –одлични резултати со сосема мали грешки |
9 |
B |
МНОГУ ДОБРО – надпросечно, но со определени грешки |
8 |
C |
ДОБРО –во основа солидна работа со одреден број на значајни грешки |
7 |
D |
ЗАДОВОЛИТЕЛНО – доволно, но со значителни недостатоци |
6 |
E |
ДОВОЛНО –резултатот ги задоволува минималните критериуми |
5 |
F |
ПАДНАЛ – се бара значителна дополнителна работа за да може да се доделат кредити |
Крајната оценка на предметот се утврдува врз основа на просечно остварените резултати од крајниот испит и од планираните активности што студентот ги остварил во текот на семестарот. Конкретните барања на секој наставен предмет се одредуваат од страна на ФБЕ, со тоа што се посветува посебно внимание на студентите кои се истакнуваат со својата надареност, посветеност и активност. Имено, за секој предмет од наставната програма се предвидени по неколку тематски истражувачки активности, кои студентите ги реализираат низ тимска работа, под менторство на предметниот професор. Зависно од покажаниот квалитет (длабочина и опфат на истражувањата и сознанијата), најдобрите студенти ќе добијат и највисоки оценки.
Доколку студентот не добие 6 или поголема оценка, значи дека не го положил испитот од тој предмет и мора да го повтори. Послабите студенти на ФБЕ имаат можност за дополнителна настава, консултации и разни други дополнителни активности, за да успеат да го совладаат минималното потребно ниво на знаења за преодна оценка.
За ниво на додипломски студии на секоја од насоките се предвидени соодветен (во случајов максимален) број на бодови и кредити. Согласно предложената распределба на кредити, соодветно на вкупниот обем на ангажман на професорите и студентите, во просек од 1500-1800 работни часови се предвидени за совладување на содржини во вкупен обем (бројот на предвидени часови настава-екс катедра, вежби осмислени во модули за практична апликација и самостојна работа на студентите за совладување на наставните содржини).
Практично, ќе се работи во групи од студенти, со дневен распоред на 4 часови предавања екс-катедра, 2 часови вежби (во соодветна комбинација на предавања и вежби низ практична симулација предвидена во модулите за нивно изведување и 2-3 часови самостојна работа на студентите (за што по потреба со претходна најава ќе може да ги користат капацитетите на ФБЕ како што се библиотеката, компјутерската лабораторија и сл.). Врз основа на ваквата динамика и распоред на активностите во текот на секој од предвидените 6 семестри ќе се реализира потребниот број од 180 кредити.
Оценувањето на резултатите на студентите ќе се врши периодично, за секој семестар, преку 2 колоквиуми. Финалната оценка за успехот на студентот за секоја предметна дисциплина ќе се утврдува врз основа претходно наведените критериуми за редовност и активност на предавања, истражувачка дејност и успешно положени колоквиуми/финален испит.
Студентот кој по сите планирани основи за оценување ќе оствари
Според идејната концепција на Факултетот за бизнис економија за период од 3 години, се планира:
По успешното завршување на предвидените активности во текот на тригодишните студии, студентите ќе треба да изработат и дипломски труд, по чија успешна јавна одбрана ќе се стекнат со диплома - дипломиран економист на избраната насока од една од петте можни на ФБЕ т.е.
- дипломиран
економист на насока финансиски менаџмент
- дипломиран економист на насока маркетинг менаџмент
- дипломиран економист на насока одржлив развој-еколошка економија,
- дипломиран економист на насока регионален и локален бизнис развој и
- дипломиран економист на насока банкарство.
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk