Права и должности на студентите
Правата и должностите на студентите се дефинирани во Статутот на ФБЕ, во членовите:
Член 75
- Редовно студирање и статус на редовен студент и право на вонредно
студирање и статус на вонреден студент,
Член 76
Кодексот на однесување ги регулира следните аспекти на однесувањето на вработените и студентите на ФБЕ:
Забрана за употреба на алкохол
На студентите на ФБЕ не им е дозволено поседување или употребување на алкохол во текот на нивните активности во просториите на школата. Пијанството за ФБЕ е неприфатливо и студентите кои ќе ги прекршат овие правила ќе бидат подложни на дисциплински мерки.
Забрана за употреба на наркотични средства
ФБЕ нема да толерира добивање, дистрибуција, продажба, нарачување, поседување и/или користење на наркотични средства во своите простории како и во текот на активностите изведени во рамките на школата.
Секој студент кој ќе ги прекрши овие правила ќе биде подложен на поведување полициска и дисциплински мерки.
Компјутерска мрежа и пристап на интернет
Интернетот е светски распространета компјутерска мрежа која содржи милиони страници со различни информации и реклами. Корисниците на интернетот се предупредени дека голем број од овие интернет страни вклучуваат навредлив, сексуално експлицитен и несоодветен материјал. Во општ случај додека се користат интернет услугите многу е тешко да се одбегне барем контактот со ваквите материјали, дури и наједноставните пребарувања може да доведат до високо навредливи содржини. Дополнително, доколку вашата адреса ја има на интернет тоа може да предизвика да добиете е-мејлови со навредливи содржини (тн. спамови). Корисниците на интернет услугите треба да се свесни за овој податок и ФБЕ не превзема одговорност за материјалите кои студентите ќе ги гледаат или преземат од интернет, но истите треба да се свесни дека пристапот кон интернет и е-мејл адресите преку мрежата на ФБЕ е сопственост на ФБЕ и дека во својот домен ФБЕ ги надгледува претходно наведените активности. ФБЕ ги охрабрува своите студенти да ги користат електронските медиуми но притоа да се однесуваат одговорно и професионално. Така на пример при испраќање на е-мејл треба да ги користат истите заштитни мерки како и при праќање на факсови или писма. Исто така студентите треба да научат да препознаат кои интернет страни се безбедни за читање иако понекогаш е тешко да се направи проценка која интернет страна е прифатлива или неприфатлива за читање.
Ограничување во користењето на компјутерската мрежа
Во рамките на недозволените активности во однос на компјутерската мрежа на ФБЕ истата нема да биде користена за дисеминација, гледање или сторирање, комерцијални и лични реклами, промоции, деструктивни кодови (на пример вируси, тројан програми и сл.) или користење на други неавторизирани материјали. Во таков случај привилегијата да се користи компјутерската лабораторија ќе биде прекината.
Секој студент и вработен има обврска да не ја уништува или оштетува компјутерската опрема во сопственост на школата.
Комуникации и деловни тајни
Доколку не се соодветно овластени на сите корисници им се забранува испраќање, пренесување или дистрибуирање на доверливи информации и податоци кои се сопственост на ФБЕ. Неавторизирана дисеминација на таквиот материјал може да резултира во сериозни дисциплински мерки.
Сопственост
Севкупната интелектуална сопственост обработувана во текот на активностите на ФБЕ или од некој проект на ФБЕ припаѓа на ФБЕ. Севкупната опрема, софтвери и други погодности на школата кои ги користат студентите и вработените се истотака сопственост на ФБЕ, вклучувајќи ги тука и материјалите и креираните е-мејл адреси. Соодветно, студентите и вработените би требало да ги користат погодностите и интелектулната сопственост на ФБЕ само во контекст на работата и за бенефит на ФБЕ. ФБЕ го задржува правото да го надгледува, да има пристап, да прави преглед како и да го избрише следното без да ја извести засегнатата индивидуа: сите испратени и примени е-мејлови, поштенски сандачиња, приватни директориуми, филмови, како и софтвери и материјали од трети лица. Исто така ФБЕ го задржува правото да ги повлече сите привилегии кои ги нуди доколку смета студентите и вработените ги користат на неприфатлив начин.
Екскурзии
Екскурзии надвор од просториите на ФБЕ и посети на други фирми, фондации, факултети и други институции, а кои се поврзани со наставните активности се дел од образованието на ФБЕ. Се очекува дека во текот на екскурзиите и другите активности надвор од просториите на ФБЕ сите студенти ќе се однесуваат одговорно. Во тој контекст секој студент би требало да потпише изјава дека го ослободува ФБЕ од одговорност во случај на незгода во која се нашол по негова вина.
Лојалност, искреност и изглед
Од вработените и студентите на ФБЕ се очекува да се однесуваат лојално и фер во однос на коректна комуникација, вистински, комплетни и навремени информации за програмите, активностите, политиките, процедурите и практиките, во и надвор од ФБЕ. Исто така се очекува во текот на работното време и наставата вработените и студентите да практикуваат пристоен начин на облекување. Непочитувањето на овие правила се смета за прекршок, казнив со опомена, разрешување или исклучување во зависност од неговата тежина зачестеноста.
Интелектуална сопственост
Во поширока смисла, интелектуалната сопственост се однесува на правата на печатење/копирање на материјалот, патенти, трговски марки, иновации, идеи, know-how и деловни информации. Повеќето текстови и слики се заштитени со правата за печатење, додека останатите материјали се заштитени со трговски марки. Превземањето, поседувањето и дистрибуцијата или копирањето на авторски заштитен примерок, документ, книга, софтверски програм, on-line водич за предавања/вежби или пак видео е прекршок на правата за печатење доколку личноста која го прави преземањето не е соодветно овластена од авторот на делото. Според тоа, во отсуство на овластеност за преземање на одредени содржини од некој друг автор овие активности се забранети. Овие основни правила важат и за материјали добиени од трети лица како што се други институции, информациони системи и интернет страни.
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk