Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Проекти и соработка

“Факултет за бизнис економија” уште од своето основање остварува широка образовна и научно-истражувачка соработка со разни универзитети, научни институции и развојни програми од САД и ЕУ. Од основањето во 2006 година до денес, ФБЕ оствари различни видови на проектни активности:

  • Меѓународна размена на наставно-научни кадри:
    • Во рамките на Еразмус програмата м-р Тодор Милчевски, во Март, 2013, оствари петдневен престој на Универзитет за економија во Вроцлав (Wroclaw University of Economics ), Полска.
    • Во улога на визитинг професори на ФБЕ преку програмата “Fulbright” предаваа Prof. Michele O’Neill (2007) , а проф.Весна Стојанова (2008) доби стипендија за едногодишен престој на Универзитетот од Ајдахо во улога на визитинг професор и научен истражувач.
    • Во рамките на истражувачкиот проект финансиран од Универзитетот од Delaware, SAD предаваше Prof.Harley Johansen (2008);
    • Во учебната 2007-2008 D-r Manfred Buch учествуваше како гостин-предавач во рамки на проектот за развој на национална стратегија за одржлив развој, финансиран од СИДА- Шведска.
  • Научно-истражувачки проекти:
    • Политики за вработување, Регионален проект финансиран од Фондацијата Фридрих Еберт-Скопје, 2011;
    • ГТЗ-ЦИМ-ДГС-ФБЕ – енергетска ефикасност, проект финансиран од страна на ГТЗ се реализира и со обуки на сопствени кадри во рамки на соларната школа на D-r Uwe Hartman, во периодот од 2008-2011;
    • Интеграција на мулти-етничката работна сила во стопанствата во транзиција Студија на случај за Македонија, 2008-2009 година;
    • Кон одржлив think-thank, USAID, 2006-2008
    • Нулта корупција во приватниот сектор, Norwegian Government and NGO Zero Corruption – Transparency, 2007
    • Претприемничко образование -TTT (BSOs & BAs), GFA, EUROPEAID/ August-December, 2006
    • Јакнење на капацитетите на државната администрација за развој на секторот на МСП (министерства, невладини здруженија и организации) во рамки на проектот “SME development, EUROPEAID/119711/D/SV/MK, 2005-2006;
    • Партнерство за доживотно образование, ETF-Torino, September-December, 2005-2006 Entrepreneurial Education in the Western Balkans;
    • Одделот за одржлив развој на две европски програми:
    • Проект од програмата „Европа за граѓаните“ на тема „Размена на вредности“
    • Повеќе апликативни и истражувачки проекти се реализираат преку Фондацијата Ново образование за бизнис-Необизнис:
      • Енергетски Ефикасни Јавни Услуги на локално ниво“ , со поддршка од Центар за Институционален Развој – ЦИРа и Швајцарска агенција за развој и Соработка, (2011-2012 год);
      • Примена на практики за управување со отпад и можноста за негово користење како обновлив извор на енергија“,со поддршка од Светска банка (2011-2012);
      • Унапредување на политиките за регионален развој преку споделување на Германското и Словенечкото искуство“ со поддршка од Европски Фонд за Балканот (2012);
      • Со бизнис план до успех“, со поддршка од Град Скопје (2012 год.);
      • Енергетски ефикасна локална самоуправа“,со поддршка од Центар за Институционален Развој – ЦИРа и Швајцарска агенција за развој и Соработка, тековен проект.
    • Научно-истражувачки проекти се реализираат и преку Институтот за бизнис економија:
      • Creation of a Support Net for Local and Italian SMEs in Macedonia (FYROM), Bosnia-Herzegovina and Bulgaria;
      • Technical Assistance to establish Fashion and Textile Cluster - Turkey;
      • Implementation of the "European Charter for Small-sized Enterprises" in Croatia;
      • Mercati Aperti (Open Markets);
      • Decentralized Co-operation Programme "Croatia / Sub-danubian Area";
      • Assistance on Development of National SME Strategy and Action Plan, Preparation of Project Documents for Pilot Actions;
      • Regional Socio-Economic Development Initiatives in Vojvodina - ISSER;
      • Preparation of the "Eastern Anatolia Development Programme";
      • Evaluation finale du programme pluriannuel de microréalisations (PPMR) ;
      • Balcani online - The Balkans on-line;
      • ACCESS - Actively Coaching and promoting Cooperation in the light of Enlargement for Small and Sole proprietor businesses;
      • Republic of Serbia: Regional Socio-economic Development Initiatives Programme;
      • Looking Eastwards: Challenges and Opportunities for Innovative Companies in EU Border Regions (LOOK - EAST NET).
  • Меѓународни семинари, симпозиуми и студиски престои. Од основањето до денес, предавачите на ФБЕ се вклучени во научно-истражувачката работа преку повеќе активности:
  • Договори за меѓународна соработка со странски универзитети:
    • Договoр за соработка меѓу Факултетот за бизнис економија со University of Idaho-Moscow, USA за размена на наставни кадри и студенти, како и за заеднички научно-истражувачки активности;
    • Еден студент од ФБЕ студираше една година на Универзитетот во Ајдахо (2008), а еден американски студент од истиот Универзитет беше на истражувачки престој на нашиот Факултет.
  • Издавачки активности:
    Во рамките на издавачката дејност ФБЕ ги издава:
    • Научното Списание за одржлив развој (Journal of Sustainable Development), чијашто уредувачка политика је утврдува меѓународен издавачки одбор во следниот состав:

      Harley Johansen, University of Idaho – USA
      Michel O’Neill, University of Idaho -USA
      Stefano Bianchini – Universta di Bologna- Italy
      Uwe Hartman - Solar School - Germany
      Tsharalambos Chardanidis – Institute of Economics- Greece
      Georgi Trajanovski – GTZ- Germany
      Antonija Josifovska - Integrated Business Faculty- Macedonia
      Blagoja Nanevski - Integrated Business Faculty- Macedonia
      Strahinja Trpevski - Integrated Business Faculty- Macedonia
      Vesna Stojanova - Integrated Business Faculty- Macedonia

    • Студентскиот весник - Студентски глас
    • Студентскиот гласник - ФБЕ ИНФО