Визија на “Факултет за бизнис економија” (ФБЕ) е освен квалитетна настава и едукација на своите студенти да им овозможиме и практична работа што ќе допринесе кон примена, продлабочување и проширување на целокупното теоретско знаење веќе стекнато на факултетот.
Согласно член 99 од Законот за високо образование и Правилникот за организирање на практична настава на студентите, студентите во секоја студиска година задолжително посетуваат практична настава која не може да биде пократка од 30 дена како еден од условите за запишување на наредна студиска година.
Пред започнување на практичната настава студентот треба да го информира одговорното лице на ФБЕ м-р Биљана Начарова (канцеларија бр.17) и да ги подигне потребните документи неопходни за остварување на практичната настава.
Согласно политиката на “Факултетот за бизнис економија” се посветува посебно внимание и се предвидуваат посебни стимулации за напредните студенти. Покрај збогатените интерактивни и истражувачки содржини и активности за секој предмет од наставната програма, кои пак обезбедуваат поголем број на бодови односно повисоки оценки, оваа категорија на студенти има и финансиски стимули во вид на целосни или делумни стипендии.
Со цел да ги стимулира на поголемо залагање, но и да ги мотивира останатите студенти да го следат примерот на најдобрите, наставно-научниот совет на крајот на секоја учебна година зависно од остварениот успех на студиите доделува стипендии за следната година.
Во текот на своето шестгодишно работење ФБЕ има одобрено повеќе целосни или делумни стипендии на најдобрите студенти-првенци на генерација.
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk