Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Меѓународна тренинг школа од областа на одржлив развој, подржана од ЕУ проектот COST FA0904

"Факултет за бизнис економија" и Универзитет “Св. Кирил и Методиј”-Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии организираа тренинг школа на тема “Deepening the Knowledge in The Field of Polymer Nanomaterials for Food Packaging and Other Potential Uses: Theory and Practice” во рамките на ЕУ проектот  COST FA0904 “Eco-sustainable food packaging based on polymer nanomaterials” од 3-5ти ноември, 2011 година,  во Салата за состаноци на Градежен Факултет, Скопје.

Тренинг школата предизвика значителен интерес кај многу млади истражувачи за кои полето на одржлив развој е голем предизвик. Предавачи беа професори од докажани и реномирани образовни и истражувачки институции од Европа, додека слушателите беа студенти, последипломци и докторанти од различни европски и домашни факултети, како и претставници од соодветните институции  од областа.

Целта на тренинг школата да се продлабочат знаењата, да се интензивира трансферот на знаење, како и да се промовира интердисциплинарниот приод кон  наноматеријалите и одржливиот развој и да се зајакне понатамошната меѓусебна соработка беше во целост постигната.