Обука на тема “Вовед во регионален развој и регионален менаџмент“и “Процес на стратешко планирање“
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Обука на тема “Вовед во регионален развој и регионален менаџмент“и “Процес на стратешко планирање“

Со поддршка на GIZ  - Регионален и локален економски развој во Македонија (GIZ – RED), како продолжување на проектот “Capacity building sequence for the partners on regional and operational level” м-р Тодор Милчевски , предавач на Факултет за бизнис економија и координатор на фондацијата “Ново образование за бизнис“ од 12ти до 14ти Декември 2011 одржа обука на тема “Вовед во регионален развој и регионален менаџмент“и “Процес на стратешко планирање“.

Целта на тренингот беше да се идентификуваат празнините во знаењето и да се проследат предложените мерки во областа на регионалниот развој и регионалниот менаџмент. Учесниците беа запознаени со основите на регионален развој и поврзаноста на руралниот и  регионалниот развој, економската промоција, регионален маркетинг, активности и заинтересирани страни, програми и фондови, како и  развој на проектни идеи во рамките на европските програми и фондови достапни за Р. Македонија.

Учесниците беа претставници од невладоиниот сектор во Р. Македонија и од Регионалните центри за развој од источниот, јужноисточниот, југозападниот и полошкиот регион во Р. Македонија.

Тренингот на тема “Процес на стратешко планирање“  на учесниците им понуди детален преглед на Стратешкото планирање, подготовка на акционен план, мониторинг, евалуација и имплементирање на акциониот план, анализа на проблеми, цели и заинтересирани страни, поставување на приоритети и цели поврзани со поддршка од бизнис секторот, како и дефинирање на активности и мерки за постигнување на целите.  Учесниците беа од организации чија улога е да обезбедат поддршка на бизнис заедницата во Р. Македонија.

“Факултет за бизнис економија” преку двата модули го збогати знаењето на учесниците и ги разви нивните вештини на тој начин обезбедувајќи еден чекор понапред во овој проектподдржан од GIZ.