М-р Ивана Никифоровска, предавач на Факултет за бизнис економија и директор на фондацијата Ново образование за бизнис, од 29ти до 30ти Ноември, 2011 учествуваше како експерт и обучувач на тренингот организиран како дел од проектот “Capacity building sequence for the partners on regional and operational level”, поддржан од GIZ –Регионален и локален економски развој во Р. Македонија (RED).
Тренингот беше на тема “Финансиско менаџирање“ на проекти и ги вклучуваше следните области: финансиски менаџмент и вовед во буџетирање, финансиско менаџирање на проекти, набавки, финансиски извештаи, ефективно менаџирање на трошоци , финансиска анализа на проекти, групна работа, како и прашања и одговори, дискисија и евалуација на тренингот.
Поголемиот дел од учесниците (25-30 учесници) беа претставници од регионалните центри за развој и одделите за локален економски развој од источниот, јужноисточниот, југозападниот и полошкиот регион како и по еден претставник од секој од останатите регионални центри за развој на територијата на Р. Македонија.
Истакнувајќи го финансискиот менаџмент како интегрален дел од проектниот менаџмент целта на овој тренинг беше зајакнување на финансиските способности на учесниците.
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk