Програми за размена
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Програми за размена

Студирајте на ФБЕ и стекнете можност за добивање ЕРАЗМУС стипендија за студентска мобилност во Европа.

ЕРАЗМУС програма

“Факултет за бизнис економија” стана дел од високо образовните институции кои ја добија Универзитетската Еразмус Повелба (EUC) за периодот 2010/2013 за студентски мобилности и мобилности на наставниот кадар на други високообразовни институции во Европа.

Високообразовните институции во Европа, со кои Факултетот за бизнис економија има склучено Еразмус договори за соработка се следните:

 

Целосната листа на институции добитници на EUC за академската 2012/2013 и академската 2013/2014 година, можете да ја погледнете на следниот линк.

 

Согласно Еразмус универзитетскиот чартер за 2010-2013 година бр. 256302-IC-1-2010-1-MK-ERASMUS-EUC-1 и склучените меѓуинституционални Еразмус договори, Факултетот за бизнис економија објавува следниот Конкурс за студентска мобилност во рамки на програмата ЕРАЗМУС - летен семестар 2013/2014

Согласно Еразмус универзитетскиот чартер за 2010-2013 година бр.256302-IC-1-2010-1-MK-ERASMUS-EUC-1 и склучените меѓуинституционални Еразмус договори, Факултетот за бизнис економија објавува следниот Конкурс за мобилност на наставен кадар во рамки на програмата ЕРАЗМУС.

На 09 април 2012 во амфитеатарот на Факултетот за бизнис економија беше одржан Инфо ден во врска со Еразмус програмата проследен со презентација изведена од  Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија. Инфо денот беше особено наменет за редовните студенти од прва и втора студиска година кои наредниот семестар, по претходна селекција, ќе имаат можност извесен временски период да се образуваат и стекнат богати искуства во некоја европска земја.