Опис (општи карактеристики) на модулите за курсевите:
Во денешнo време, компјутерските системи и софтверските алатки имаат клучна улога во зголемување на продуктивноста и ефикасноста на вработените, но и за наоѓање работа воопшто. Оваа обука започнува со запознавање со некои основни концепти на компјутерските системи, па преку практична примена на софтверски алатки се движи кон објаснување на насоките на модерните светски трендови и начините на кои ќе се искористуваат компјутерите во блиска иднина.
Цели на учење:
Зголемување на дигиталната писменост и информатичката култура на индивидуата.
Стекнување со основни теоретски основи за принципите на функционирање на компјутерските системи.
Стекнување со практични вештини за зголемување на продуктивноста при работа со канцелариски апликации (Microsoft Office, LibreOffice, итн.).
Запознавање со менаџмент (бизнис) информациски системи.
Проучување на модерните светски трендови и насоките во кои се развива ИКТ индустријата.
Целни групи:
Обуката е наменета за вработени во сите оддели од компаниите кои работат со компјутери или користат алатки за софтверска обработка на податоци.
Со цел да се следи обуката, потребно е учесниците да имаат елементарни познавања за компјутерски системи, кои што се стекнуваат со секојдневна работа со компјутери.
Иако се работи за стручни информатички области, не е потребно кандидатите да имаат никаква предходна обука или напредни познавања за горенаведените теми, бидејќи нивото на обуката е прилагодено на нивото на кандидатите.
Посебна корист од обуката би имале и вработени на менаџерски позиции на различно ниво, бидејќи ќе се стекнат со визија за начинот на кој компјутерите можат да помогнат во организацијата и спроведување на активностите, но и за подобро планирање на буџетите и проектите.
Времетраење:
Број на денови: 3
Број на часови: 12 часа од по 45 минути
Детална содржина на обуката:
(ден 1)
1. Воведна презентација за компјутерските технолгии, концепти и трендови
2. Работа со софтвер за обработка на текст (Microsoft Word):
3. Работа со софтвер за табеларни пресметки (Microsoft excel):
(ден 2)
4. Изработка на ефективни презентации (Microsoft PowerPoint)
5. Основи на компјутерски мрежи
6. Бизнис информациски системи
(ден 3)
7. Електронска трговија и е-бизнис
8. Напредни светски трендови;
9. Модерни бизнис апликации и системи
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk