Опис (општи карактеристики) на модулите за курсевите:
Со рапидната експанзија на ИКТ технологиите, сѐ повеќе информациите се обработуваат и чуваат на дигитален начин. Иако компјутерските системи се сѐ по софистицирани, сепак процентуално бројот на, компјутерски упади и примери за одлевање на критични податоци, расте. Повеќе од 60% од овие инциденти се случуваат заради човечка грешка, најмногу бидејќи нивото на ИКТ култура и свесноста за безбедноста меѓу вработените во компаниите не може да го следи трендот на новите хетерогени мрежни апликации. Оваа обука се фокусира на запознавање на вработените со ризиците и заканите за денешните информациски системи, како и потенцирање на практиките на „добро работење“, со цел вработените да дознаат како побезбедно и посовесно да работат со доверливите податоци и критичните софтверски апликации. Бидејќи нарушувањето на безбедноста на информациските системи – директно влијае на бизнисот на компаниите.
Цели на учење:
Зголемување на дигиталната писменост и информатичката култура на индивидуата
Предочување и потенцирање на важноста од безбедносните правила и принципи, како и давање на насоки како тие да не пречат во секојдневната работа.
Зголемување на нивото на свесност за ризиците и заканите при секојдневното користење на компјутерите.
Насоки за безбедно и посовесно работење.
Предлог алатки и мерки кои треба да се преземат за да се оперира во согласност со Законот за заштита на лични податоци..
Целни групи:
Обуката е наменета за вработени во сите оддели од компаниите кои работат со компјутери или користат алатки за софтверска обработка на податоци.
Со цел да се следи обуката, потребно е учесниците да имаат елементарни познавања за компјутерски системи, кои што се стекнуваат со секојдневна работа со компјутери.
Иако се работи за стручни информатички области, не е потребно кандидатите да имаат никаква предходна обука или напредни познавања за горенаведените теми, бидејќи нивото на обуката е прилагодено на нивото на кандидатите.
Компјутерската безбедноста денес не е само препорака туку и законска обврска. Секој кој што работи со информации од статешка важност за една компанија, мора да е свесен за ризиците и последиците со кои се соочува, во своето секојдневие.
Времетраење:
Број на денови: 1
Број на часови: 4 часа од по 45 минути
Детална содржина на обуката:
1. Security awareness презентација
2. Оперативни системи:
3. Основи на компјутерски мрежи
4. Безбедно работење
5. Заштита на лични податоци
6. Безбедноста и напредните светски трендови:
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk