Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Announcement for Erasmus+ Student Mobility for Traineeship

КОНКУРС ЗА СТУДЕНТСКА МОБИЛНОСТ ЗА ОБУКИ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

Согласно Еразмус универзитетскиот чартер за 2014-2020 година и склучениот Договор за грант со националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) објавува конкурс за студентска мобилност за обуки меѓу програмски земји во академската 2015-2016 година во времетраење од 2 до 12 месеци, но земајќи предвид дека вкупниот број на месеци на мобилност остварени преку програмата Еразмус, не смее да надминува 12 месеци.

Бројот на места е ограничен, а предност ќе имаат кандидатите кои што први се пријавиле.

Студентите можат да остварат ваков тип на мобилност во:

  • други високообразовни установи кои ја имаат потпишано Еразмус+ Повелбата
  • приватни компании
  • јавни институции и тела
  • истражувачки институции
  • непрофитни или граѓански организации, фондации и здруженија на граѓани и сл.
  • стопански комори, трговски асоцијации и здруженија или други општествени партнери.

Услов за остварување на пракса е истата да биде поврзана со полето на студии на студентот.

За повеќе информации обратете се кај м-р Билјана Аврамовска ( This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it )