Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1
1000 Скопје, Македонија
Mапа
(02) 2402 160; (02) 2402 161
info@fbe.edu.mk
|
Одборот за акредитација и евалуација на Високото Образование на Република Македонија донесе решение за акредитација на студиската програма Економија, прв циклус на четиригодишни студии на Приватната високообразовна установа – висока стручна школа „Факултет за бизнис економија“ – Скопје.
Студиската програма е во траење од 8 семестри и претставува прва акредитирана четиригодишна студиска програма од областа на економијата на приватна високообразовна установа во Македонија.
Достапните модули за студирање се:
По завршените студии на студиската програма, студентот се стекнува со целосни 240 ЕКТС и со звање Дипломиран економист (анг. Bachelor of Economics), од научно-истражувачко подрајче „Економски науки“.
Додипломските
студии се базирани на интегриран мултидимензионален пристап за
развивање и имплементација на наставните програми преку интерактивни
методи на предавање. Учењето преку работа (“Learning by doing”),
студентската пракса и меѓународната размена на студенти обезбедуваат
единствен и значаен профил на идни менаџери во областа на маркетинг,
финанси, банкарство, финансии на претпријатие, економски теоретичари и сметководители.
За подетални информации јавете се во службата за студентски прашања на (02) 2402 160 или (02) 2402 161.