Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Мултиплицирачки настан: Презентирање на Интегрираниот модел за зајакнување на иновативноста и ефикасното учење кај високо-образовните институции

Во просториите на Институтот за бизнис економија во Скопје, на  02 ноември 2016 година, беше организиран следниот мултиплицирачки  настан: Презентирање на Интегрираниот модел за зајакнување на иновативноста и ефикасното учење кај високо-образовните институции. На состанокот беа присутни 25 учесници, и тоа: по двајца на тимовите од секоја партнерска институција, студенти од Институт за бизнис економија (ИБЕ) и од Факултет за бизнис економија (ФБЕ), членови од проектиот тим вклучени во дизајнирањето на BEP платформата (Бизнис образование проектната платформа), која беше презентирана на првите 2 сесии на настанот, и други заинтересирани страни.

photo-02-11-16-09-49-35

Состанокот започна со поздравен говор од Директорот на ФБЕ, проф.д-р Антонија Јосифовска, член на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и проектниот координатор, кој направи краток осврт на имплементацијата на проектот. Потоа, беше презентирана главната компонента, Стратешко интегрирање на модели за учење (SILM), нагласувајќи ги добиените резултати од 9 месечното истражување, и заклучоците изведени од завршната истражувачка фаза. Секоја од партнерските институции даде сопствен придонес. До крајот на состанокот беа презентирани и напредокот и резултатите од другите две проектни компоненти ( BEP платформата и Консолидираниот кариерен центар).

Мултиплицирачкиот настан е дел од проектните активности на ИСПЕХЕ, финансиран и поддржан од Европската комисија, во рамките на Еразмус+ програмата. ИСПЕХЕ има период за имплементација од 2 години и се очекува да биде комплетиран до крајот на Декември 2016 година, под мониторинг на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Република Македонија. Институтот за бизнис економија е проектен координатор, додека Конзорциумот е составен и од: The University College of Economics and Culture(EKA)-Латвиа,  Riga Technical University-Латвиа, University of Pavia-Италија, Faculty of Administration – University of Ljubljana –Словенија,  University of Pavia-Италија.