Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Успешно организиран работен состанок под наслов: „Оценка на функционирањето на финалната верзија на БЕП платформата“

На 2ри и 3ти Ноември, 2016 година, во просториите на Приватниот научен институт за бизнис економија (ИБЕ) се одржа дводневен работен состанок како дел од имплементацијата на 3та Компонента од ИСПЕХЕ проектот, во однос на проектниот аутпут Платформа за интегрирање на бизнис заедницата и образованието (БЕП Верзија 2. Овој состанок имаше за цел финализирање на процесот на имплементација на БЕП верзиите 1 и 2, како и воспоставување на целосно функционирачка платформа, во форматот презентиран во иницијалниот предлог проект.

image-0-02-05-d75e4ac2c0c4cdf69f11b8fdd6b57f7dae5850ed93c87dc560d0d744972c9027-v

На работниот состанок беа опфатени следниве теми:

  • Дизајн и усовршување на „BEP Version 2 Frontend“ и системот на мониторинг,
  • Дискусија за темите поврзани со БЕП „BigBlueButton Conferencing system“,
  • Презентирање и ревидирање на прогресот и имплементацијата на БЕП платформата,
  • Анализа на потенцијалните технички пречки и тестирање на платформата,
  • Претставување на резултатите поврзани со Компонентата,
  • Подготовка на техничката документација поврзана со оперативниот тек на платформата

Овој настан е дел од проектните активности на ИСПЕХЕ, финансиран и поддржан од Европската комисија, во рамките на Еразмус+ програмата. ИСПЕХЕ има период за имплементација од 2 години и се очекува да биде комплетиран до крајот на Декември 2016 година, под мониторинг на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Република Македонија. Институтот за бизнис економија е проектен координатор, додека Конзорциумот е составен и од: ЕКА – Рига (Латвија), Факултет за администрација – Универзитот на Љубљана, Техничкиот Универзитет во Рига (Латвија) и Универзитетот во Павиа (Италија) во улога на проектни партнери.