Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Факултетот и Институтот за бизнис економија вршат трансфер на студенти!

 

Трансферите на студенти од други факултети се во тек. Кликнете за да дознаете повеќе информации.

Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) е приватна високо-образовна институција која нуди додипломски студии од областа на економијата. ФБЕ од оваа академска година (2016/2017) нуди акредитирани четиригодишни студии (240 ЕКТС) на модулите Маркетинг, Финансии, Економска теорија и Сметководство и ревизија. Цената на студирање на ФБЕ е 250 евра по семестар.

 

Повеќе информации за додипломските студии можете да погледнете на следниот линк.

 

Институтот за бизнис економија (ИБЕ) е приватна високо-образовна институција која нуди постдипломски студии (3+2 и 4+1) од областа на Банкарство, Еколошка економија, Економија за бизнис и Финансиски менаџмент. Студирањето на ИБЕ чини 500 евра по семестар.

 

Трансферот на студенти на додипломски и постдипломски студии опфаќа признавање на испитит согласно студиските програми. Повеќе информации може да добиете телефонски во нашата служба за студентски прашања на (02) 2402 160.