Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана работилница на тема „Во потрага по работа“

 

На 10.03.2017-та година (петок) во просториите на Факултетот за бизнис економија беше одржана работилница на тема „Во потрага по работа“, во која учествуваа матуранти од СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје.

Главната тема и фокус на работилницата беше запознавање со процесот на успешна потрага по официјален работодавец. Работилницата започна со презентација на планирање и спроведување на личниот пристап за настап на пазарот на трудот низ процесите на самоанализа и идентификување на потенцијалните работодавци.

 

Матурантите се стекнаа со практични искуства како се изработува лична презентација за „лична продажба и затварање на процедурите за аплицирање на работно место“.

Работилницата ја одржа проф. д-р Жанина Кировска, а присуствуваа над 60 матуранти.