Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Конкурс за студентска мобилност во рамки на Еразмус+ програмата

 

Согласно Ерасмус+ универзитетскиот чартер за периодот 2014-2020 година и склучените меѓуинституционални Ерасмус+ договори, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) објавува конкурс за избор на студенти од ФБЕ за студирање во времетраење од еден семестар.

 Во зимскиот семетар од академската 2017-2018 година достапна е размена на некоја од следните високообразовни институции:

Институција

Erasmus Code

Земја

Број на места*

University of Economics in Bratislava

SK BRATISL03

Словачка

4

Wroclaw University of Economics

PL WROCLAW03

Полска

4

Instituto Politecnico Do Cavado E Do Ave

 P ARCOZEL01

Португалија

4

Ekonomikas un kultūras augstskola

LV RIGA33

Латвија

4

Vilniaus Universitetas, Kaunas Faculty of Humanities

LT VILNIUS01

Литванија

4

Polytechnic of "Nikola Tesla" in Gospic

HR GOSPIC01

Хрватска

2

* Колоната го покажува вкупниот број на места за студирање според договорт со партнерските институции. Бројот на финанисирани мобилности за студирање преку Ерасмус+ програмата ќе зависи од местата доделени од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Р.М. Мобилностите ќе бидат финансирани доколку бидат одобрени средства од страна на Националната агенција.

Критериуми за избор:

  1. Студентот да има статус на редовен студент на Факултетот за бизнис економија, со запишан минимум трет семестар
  2. Остварениот успех за време на досегашното студирање;
  3. Најмалку една препорака од наставник на ФБЕ;
  4. Активно познавање на англиски јазик

Според правилата за Ерасмус+ мобилост, студентите пред заминување на мобилност, како и по враќање oд мобилноста задолжително треба да полагаат за јазична лиценца.

Заинтересираните студенти на ФБЕ може да се обратат за информации кај Еразмус координаторот м-р Мартин Киселички, до кого се доставува и апликацијата. Со апликацијата се доставуваат и следните документи:

  • пополнет договор за учење;
  • потврда за редовен студент и во која академска година е запишан;
  • листа на положени испити;
  • препорака од наставник;
  • мотивационо писмo.

Крајниот рок за аплицирање е 1 мај, 2017-та година.