Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Гостинско предавање на професор од Универзитетот од Љубљана

 

На 5-ти мај, (петок), професорот Примож Певчин од Факултетот за Администрација при Универзитетот од Љубљана одржа гостинско предавање на Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија.

Темата на предавањето беше "Public sector management vs Private sector management), а беа присутни студенти од ФБЕ, студенти од ИБЕ и матуранти од средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“ од Скопје. По предавањето, беше одржана кратка сесија на прашања за студентите.

Предавањето беше остварено со помош на Еразмус+ програмата.