Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Гостинско предавање на професор од Полска

 

На 10-ти и 11-ти мај (среда и четврток), професорот Лукас Јурек од Универзитетот за економија во Вроцлав одржа гостинско предавање на Факултетот за бизнис економија.

Темата на предавањето беше “Economics of Population Aging”, со посебен осврт кон статистики поврзани со Полска и Република Македонија. На предавањето присуствуваат студенти од ФБЕ и матуранти од средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“ од Скопје. Предавањето беше остварено со помош на Еразмус+ програмата.