Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Гостински предавања на проф. Анета Васиљевиќ-Шикалеска на Факултет за економија и бизнис, Универзитет во Марибор,Словенија

 

Во периодот од 8 до 12 Мај, 2017 д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска, учествуваше на 11тата Интернационалната недела организирана од Факултетот за економија и бизнис (ФЕБ) при Универзитет во Марибор, Словенија.

Целта на интернационалната недела беше да се зајакне меѓународната соработка меѓу високо-образовните институции, како и да се зголеми меѓународната мобилност на студентите и наставниот  кадар.

Во рамките на интернационалната недела проф. Васиљевиќ-Шикалеска имаше неколку активности:

  1. Усмена презентација на тема “The Quest for Optimal Fusion of Learning, Teaching and Evaluation for Improving Student Classroom Performance”, на  меѓународниот симпозиум Teaching Methods for Economics and Business Studies, 8 Мај 2017
  2. Предавање на студентите од ФЕБ, Универзитет во Марибор,  на тема “Quantitative Methods in Economics and Business”, 10 Мај, 2017-06-07
  3. Предавање на студентите од ФЕБ, Универзитет во Марибор,  на тема “The Circular Economy: Barriers and Opportunities for SMEs”” 10 Мај, 2017-06-07


Целта на предавањата беше различните групи на студенти при ФЕБ, Универзитет во Марибор, да се стекнат со познавања во однос на примената на  различни математичко-статистички модели за анализа и решавање на различни проблеми во повеќе области во економијата и бизнисот, како и  да се запознаат со концептот на Циркуларна економија и важноста за имплементација на истиот во време кога треба да се прави баланс меѓу економскиот развој од една страна и искористувањето на ресурсите и заштитата на околината од друга страна. Исто така, овие предавања беа наменети и за споделување на различните искуства и методи на предавање и учење кои се применуваат на Факултетот за бизнис економија и Институтот за Бизнис економија во Скопје, каде проф. Шикалеска е вработена, и Факултетот за економија и бизнис во Марибор.

 

Искуствата од престојот се многу позитивни и отворија можност за понатамошна соработка меѓу Факултет за бизнис економија и Институт за бизнис економија од Скопје и Факултет за економија при Универзитетот во Марибор.

Активностите на проф. Васиљевиќ-Шикалеска и престојот на ФЕБ беа реализирани со помош на Еразмус+ програмата.