Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Задолжителна пракса

Почитувани,

          Согласно член 99 од Законот за виско образовани и Правилникот за организирање на практична настава на студентите, студентите во секоја студиска година задолжително посетуваат практична настава која не може да биде пократка од 30 дена како еден од условите за запишување на наредна студиска година.

          Во врска со формулираната законска обврска Ве информираме дека до 15-ти Септември 2017 година редовните студенти ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да имаат остварено 30 дена пракса во некоја институција или фирма.

         Консултации за начинот на реализирање на практичната настава и потребните документи (дневникот за пракса) можете да ги подигнете во службата на студентски прашања во период од 13 јуни 2017 година.