Институтот за бизнис економија, во улога на координатор на проектот, организираше почетен состанок за проектот: Стратешко партнерство за иновација и развој на претприемништво (СПИРП) во просториите на Институтот, на 4ти и 5ти мај 2017 година. Дводневниот состанок беше збогатен со присуство на двајца членови на проектниот тим од секоја од партнерските институции: Универзитет во Љубљана – Факултет за администрација; Универзитетскиот колеџ за економија и култура Рига и Универзитетот за применети науки Кел.
Првиот ден од состанокот беше фокусиран на дискусија за целите и задачите на проектот, поставувајќи го почетниот временски период за спроведување на проектните активности во рамките на очекуваните резултати и показателите за постигнување. Дополнително беа договорени финансиските аспекти и трансферите на буџетот.
Вториот ден од состанокот беше наменет за дискусија за компонентите и за размена на идеи меѓу членовите на проектниот тим за оптимизирање на нивната имплементација. Нагласена е особено важноста на квалитетни и навремени интелектуални резултати, при што се утврдува структурата за одржливоста на проектот.
СПИРП е ќе биде имплементиран од страна на проектниот конзорциум кој се состои од четирите спомнати партнерски високообразовни институции во период од 24 месеци (јануари 2017 – декември 2018 година). Проектот е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на програмата Еразмус + КА2 – 203.
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk