Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Повик за објавување на трудови во Списанието за одржлив развој

 

Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој објавува повик за публикување на трудови за осумнаесетиот број на списанието.

Списанието за Одржлив развој официјално е дел реномираната датабаза на EBSCO, како и во датабазите на Business Source Complete и Sustainability Reference Center. Со тоа, научните трудови објавени во Списанието ќе бидат достапни во горенаведените датабази за цитирање и пребарување од страна на други истражувачи.

Краен рок за поднесување на трудовите е 1-ви октомври, 2017-та година. Трудовите треба да бидат на англиски јазик.

Упатството за подготовка на трудовите како и сите дополнителни информации можете да ги превземете на следниот линк.