Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана креативна трибина за личен развој

 

На ден 12.10.2017 година (четврток) во 15.00 часот, Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија, органиизираа креативна трибина.

Темите на трибината ги опфаќаа следните аспекти:

Како да ги надминеме ограничувачките верувања. Како нашите резултати од личниот развој зависат од намерата која ја имаме кога ќе започнеме со промената?. Како да создадете нов личен систем?  Како да се креираме себеси? И многу други прашања беа дел од оваа трибина. Предавач на истата беше г-ѓа Илина Ведран, мотивациски говорник и тренер за личен развој.

 

На трибината присуствуваа студентите на Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија.