Упатство за подготовка на труд
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Упатство за подготовка на труд

Поднесување на труд/статија

Списанието за одржлив развој е квартален журнал кој го објавува Факултет за бизнис економија – Скопје. Сите автори кои своите научни трудови, статии, есеи, прегледи и др. обработуваат некое од наведените тематските подрачја се охрабруваат истите да ги испратат во овој журнал.

Секој труд кој опфаќа било кој трите аспекти на одржлив развој економски, социолошки и еколошки) се смета за релевантен за објавување во ова списание. 

 

Трудовите за поднесување во овој журнал треба да бидат подготвени согласно следниве пропозиции:

  1. Трудови (статии, прегледи и други научни трудови и извештаи) може да се испратат до уредувачкиот одбор само доколку претходно не биле објавени ниту пак ќе бидат објавени во други списанија пред да се испечатат во некој од броевите на Списанието за одржлив развој. Научните трудови и статии треба да имаат најмногу 15 страни (приближно 38 000 карактери со празни места). Маргини: Top – 2,54, Down 2,54, Left - 3, Right – 2,5, Gutter 0 cm, Header – 1,25, Footer – 1,25. Текстот треба да се пишува со проред 1,5 во Cambria единствено на англиски јазик. Насловот на трудот треба да стои во Header на секоја страна од трудот. Фуснотите треба да се напишат со големина 10.

СИМНЕТЕ ГО ТЕМПЛЕЈТОТ ЗА ТРУДОВИ

  1. Поднесените трудови треба да бидат организирани согласно IMRAD стилот за пишување на научни трудови.
  2. Прва страна согласно со темплејтот за трудови

  1. Цитирањата и забелешките треба да бидат поставени според харвардскиот стил на цитирање - http://guides.is.uwa.edu.au/c.php?g=380288&p=2575702

  2. Табелите, графиците и други илустрациите треба да бидат со наслов и последователно нумерирани со арапски бројки. На долната линија под секој график треба да биде наведен изворот од каде е земен, додека дополнителните коментари и објаснувања треба да бидат напишани во нов ред под цитираниот извор.

  3. Цитирање на библиографијата треба да се направи на крајот од трудот по азбучен редослед, со големина на фонт „10“ и проред „1“

  4. Рецензентската комисија го задржува правото да побара лекторирање на трудот пред објавување, доколку одлучи дека има потреба.
  5. Трудовите пратени за печатење не се враќаат на авторите без оглед дали ќе бидат или нема да бидат печатени

  6. Доколку рецензијата на трудот е позитивна, трудот ќе се печати во првото следно издание на Списанието за одржлив развој.

НАПОМЕНА: Несредените трудови ќе се враќаат на авторите за да бидат доуредени согласно со горенаведените правила за објавување

 

Начин на плаќање:

  • Вработени во институциите на ФБЕ, ИБЕ и НБЕ - 1,500 денари за статија
  • Вработени во високо-образовни и други институции во Република Македонија - 2,000 денари за статија
  • Странски автори - 3,000 денари

Податоци за уплата

  • Примач: Факултет за бизнис економија
  • Банка на примач: Тутунска Банка
  • Жиро сметка: 210-061017470125
  • Цел на дознака: Објавување на труд во Списание за одржлив развој

 

Документи за поднесување на труд

Документите треба да се поднесат на следната мејл адреса - Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите