Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Предавање на професор на ФБЕ во Словенија


Професор д-р Слаѓана Стојановска, на 21 март, одржа предавање и обука на тема Калкулација на трошоци на производ, во Економската школа Цеље, Висока стручна школа.

Посетата беше организирана во рамките на програмата Еразмус + К1, мобилноста на кадарот со цел да се одржи предавање.

Потоа, беше направена и посета на Електро Цеље, заедно со студентите од прва и втора година, смер Економија и нивниот професор д-р Антон Ворина. Проф. д-р Слаѓана Стојановска учествуваше на  Втората меѓународна научна конференција за економија и менаџмент – ЕМАН 2018, 22 март, 2018 во Љубљана (https://www.eman-conference.org/) и го презентираше трудот  Приватната побарувачка за иновации: студија на случај на бившите ЈУ земји. Оваа конференција цели да постави и да прошири меѓународни контакти и соработка низ регионот и земјите, каде како еден од соработниците на УДЕКОМ Балкан (http://www.udekom.org.rs/home.html) е и ФБЕ.