Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Саем за кариера 2018

Ја користиме оваа прилика да Ве известиме дека на ден 15.05.2018 година (вторник), со почеток од 10.00 часот, на платото на УКИМ, ќе се одржи првиот „Саем на кариера 2018.

Саемот го организира Агенцијата за млади и спорт, при што со свои штандови ќе учествуваат голем број на компании, каде студентите ќе можат да се информираат за можностите што компаниите ги нудат за нив во однос на обука, пракса или вработување.

Со вас потребно е да носите само CV (кратка биографија) во неколку примероци и да го оставите кај компаниите за кои имате интерес.