Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Заверка на зимски семестар

Почитувани,

 

Ве известуваме дека заверката на зимскиот семестар се врши од 12.11.2018 до 14.12.2018 година. Ве молиме најдоцна до овој рок да се направи заверката на семестарот, во спротивно нема да ви биде дозволено да ги полагате испитите во наредните сесии.

 

Исто така, ве известуваме дека заверката на семестарот е задолжителна за сите, независно дали сте редовни или вонредни студенти. Заверката на семестарот е за студентите кои прв пат се запишале на тригодишните студии во 2012, 2013, 2014 и 2015 година и за студентите за прв пат запишани на четиригодишните студии во учебната 2016 и 2017 година.