Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Известување за одржување на настан за промоција на постигнатите резултати од проектот “SPIDE”


 

Во рамки на предвидените проектни активности од проектот “SPIDE” на 04.12.2018 во просториите на Факултетот за бизнис економија ќе се одржи настан за промоција на постигнатите резултати од проектот (Multiplier Event).

Настанот ќе има за цел да ги информира сите заинтересирани страни за остварените цели и аутпути на проектот, се со цел да се придонесе до ефикасно, квалитетно и достапно образование на студентите, преку имплементирање иновативни техники и методи на учење.

Координатор на проектот е Институт за бизнис економија, во партнерство со: Факултетот за администрација (Универзитетот во Љубљана), Колеџ за економија и култура (Рига, Латвија), и Универзитетот за применети науки (Кел, Германија).

Агендата може да ја погледнете на следниот линк.