Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Максимизација на видливоста на резултатите од СПИДЕ проектот преку успешна организација на Мултиплицирачки настан

 

Во рамки на проектните активности на проектот СПИДЕ, на 4ти Декември, во просториите на Факултетот за бизнис економија беше организиран Настан за промоција на проектните резултати (Мултиплицирачки настан).

Настанот беше проследен со огромно внимание како од членовите на проектниот тим, и останатите заинтересирани страни на проектот, така и од таргет групата на проектните активности (студентите), која во огромен број беше присутна на настанот.

 

Настанот беше поделен во неколку сесии: во првата сесија членови на проектниот тим од институцијата-координатор на проектот (Институтот за бизнис економија), ги презентираа основните активности и резултати на проектот како и искуства во неговото имплементирање. Во следната сесија секоја од проектните компоненти беше претставена пред присутните, од членови на проектниот тим кои беа задолжени за нивното спроведување. Свое обраќање имаа и студентите кои беа дел на „StudentHub“ настанот организиран во Љубљана, кои ги презентираа нивните искуства и потребата за зголемена учество во креирањето и реализирањето на идните проектни активности. Во последната сесија, своите искуства од спроведувањето на проектните активности ги презентираа и членови на проектниот тим од партнерските институции: Факултетот за администрација (Универзитетот во Љубљана), Колеџ за економија и култура (Рига, Латвија), и Универзитетот за применети науки (Кел, Германија).

 

Настанот имаше за цел да ги информира сите заинтересирани страни за остварените проектни резултати, одржливоста на спроведените проектни активности и идниот бенефит на студентите од истите.