Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Организирана првата Меѓународна Еразмус+ недела на Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија

 

Во периодот од 8-ми до 12-ти април, 2019-та година, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) и Институтот за бизнис економија (ИБЕ) ја организираа првата Меѓународна Еразмус+ недела.

Настанот траеше 5 дена, и на истиот учествуваа 34 учесници од 20 универзитети од 7 различни европски земји (Германија, Литванија, Полска, Турција, Романија, Хрватска и Република Северна Македонија). Учесниците беа дел од администраторски и наставен кадар и учествуваа во различни активности во текот на интернационалната недела.

 

Неделата започна со обраќање на директорите на ФБЕ и ИБЕ, како и со обраќање и презентација од претставници на Националната Агенција за Европски Програми и Мобилност. Во наредните денови беа организирани работилници и групни сесии за размена на искуства поврзани со Еразмус+ програмите (Клучна Акција 1 и Клучна Акција 2), можности за идни соработки на проекти, сесии фокусирани на службата за студентски прашања, кариерен центар итн. Професорите кои ја посетија Меѓународната недела одржаа гостински предавања на студентите на ФБЕ и ИБЕ во текот на неделата.

 

На последниот дел од меѓународната недела беше организирана првата Меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата.

Учесниците добија сертификати и со позитивни искуства ја завршија неделата и нивната посета во Република Северна Македонија. Интернационалната недела беше организирана преку Еразмус+ програмата за мобилност и размена.