Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Успешно организирана првата меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата

 

На 12ти април, 2019-та година, во просториите на Институтот за бизнис економија (ИБЕ) и Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) беше организирана првата меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата, во рамки на првата меѓународна Еразмус+ недела која се одржа од 8 до 12 април.

IMG_0739 (Large)

На конференцијата беа пријавени 20 автори на трудови, кои ги презентираа своите научни откритија во рамки на соодветната област на истражување. Карактеристичен аспект на конференцијата беше фокусот на одржлив развој, кој се провлекуваше како основен сегмент во секој од трудовите. Настанот предизвика голем интерес кај академската заедница и покрај авторите на трудовите, свое присуство како слушатели имаа други професори и предавачи, претставници од Националната Агенција за Европски Програми и Мобилност, како и студенти.

20190412_124241 (Large)

Сите абстракти од поднесените трудови ќе бидат објавени во “Conference proceedings” и соодветно дел од трудовите ќе бидат во својата целосна форма публикувани во „Списанието за одржлив развој“. Првата меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата беше организирана преку Еразмус+ програмата за размена и мобилност.

20190412_111616 (Large)