Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Гостински предавања на професори од Факултет за бизнис економија на Економскиот факултет во Подгорица, Црна Гора

Во периодот 15-19 Април, 2019 професори од Факултетот за бизнис економија, д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска и д-р Аземина Машовиќ, одржаа гостински предавања на група студенти од додипломски студии на  Економскиот факултет при Универзитетот на Црна Гора  во Подгорица.

Д-р Васиљевиќ-Шикалеска одржа предавање на тема “Циркуларна економија” со цел студентите да се запознаат со концептот на циркуларната економија и важноста за имплементација на истиот во време кога во економиите во земјите треба да се прави баланс меѓу економскиот развој од една страна и искористувањето на ресурсите и заштитата на околината од друга страна.

 

Темата на предавањето на д-р Аземина Машовиќ беше „Трансферни цени и оценка на перформансите на мултинационалните компании“ и имаше за цел студентите да се запознаат со значењето на трансферните цени во процесот на оцена на перформансите на мултинационалните компании.

Искуствата од престојот се многу позитивни и отворија можност за понатамошна соработка меѓу  Факултетот за бизнис економија во Скопје и Економскиот факултет при Универзитетот на Црна Гора во Подгорица во однос на мобилност на студентите и наставниот кадар, како и во однос на соработка на научно-истражувачки проекти. Активностите и престојот на проф. Васиљевиќ-Шикалеска и проф. Машовиќ во Подгорица, Црна Гора беа реализирани во рамките на CEEPUS програмата.