Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Успешно започнување на Еразмус+ соработка со Oporto Global University

 

Факултетот за бизнис економија и Глобалниот Универзитет во Порто започнаа Еразмус+ соработка за размена на наставен кадар во текот на април, со учество на вработен на ФБЕ на конференција во Португалија. 

М-р Мартин Киселички учествуваше на Петтата Еразмус+ недела организирана во Порто во периодот од 23 април до 26 април, како Еразмус+ координатор и виш предавач на Факултетот за бизнис економија. Ова го означи почетокот на соработката меѓу двете институции, преку склучување на интеринституционален договор за меѓународна соработка и размена на кадар.

 

На конференцијата учествуваа претставници од седум различни земји (Италија, Хрватска, Шпанија, Литванија, Бугарија, Полска и Македонија), при што фокусот беше насочен кон истражување за различните можности за меѓународна соработка и искористување на Еразмус+ можностите. М-р Киселички учествуваше со презентација за Еразмус+ КА2 активностите на Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија, како координатор на два Еразмус+ проекти кои беа успешно имплементирани во минатите четири години.

 

Учеството на интернационалната недела е финансирано преку Еразмус+ програмата за мобилност на наставен и административен кадар, преку поддршка на Националната агенција за европски програми и мобилност.