Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Повик за објавување на трудови во Списанието за одржлив развој

 

Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој објавува повик за публикување на трудови за 23-тиот број на списанието.

Списанието за Одржлив развој официјално е дел реномираната датабаза на EBSCO, како и во датабазите на Business Source Complete и Sustainability Reference Center. Со тоа, научните трудови објавени во Списанието ќе бидат достапни во горенаведените датабази за цитирање и пребарување од страна на други истражувачи. Трудовите исто така се индексирани во датабазата на Central and Eastern European Online Library (CEEOL).

Краен рок за поднесување на трудовите е 15-ти октомври, 2019-та година. Трудовите треба да бидат на англиски јазик.

Упатството за подготовка на трудовите како и сите дополнителни информации можете да ги превземете нa следниот линк.