Практикантска работа во НЛБ Банка АД Скопје
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Практикантска работа во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка нуди можност за остварување на практикантска  работа во рамки на организационите единици Банката, за сите динамични и мотивирани студенти кои се заинтересирани за запознавање на банкарското работење.

Се што треба да направите е да ја пополните апликацијата за пракса, која е поставена на нашата web страна (www.nlb.mk), или да доставите Ваша кратка биографија на mail> This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , доколку ги исполнувате следните услови:

  • да сте студент на додипломски или последипломски студии на Економски, Правен или Факултет за информатичка технологија;
  • да имате солидно познавање на англискиот јазик;  
  • да имате познавање на MS Office пакетот;   
  • да имате позитивен пристап и мотивираност; 
  • да имате подготвеност за работа и тимски дух.                      

Реализација на работната пракса е во траење од 1 (еден) месец, со можност за продолжување до 3 (три) месеци.

Експозитурите надвор од Скопје во кои може да се извршува практикантската работа се: Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Гостивар, Куманово, Струмица, Штип, Велес, Крива Паланка, Валандово, Гевгелија, Радовиш, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Прилеп, Ресен, Пробиштип, Свети Николе и Виница.

Праксата ќе се организира согласно динамиката на барањата на Банката за практиканти и селекција на кандидатите кои се пријавиле за пракса.