Учество на Еразмус+ контакт семинар во Тирана
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Учество на Еразмус+ контакт семинар во Тирана

 

Професорот на Факултетот за бизнис економија, д-р Аземина Машовиќ и Еразмус+ координаторот на Институтот за бизнис економија, м-р Александра Кираца земаа учество на „Еразмус+ контакт семинарот со земјите од Западен Балкан“, организиран од страна на Европската комисија, кој се одржа од 24-25 октомври 2019 година во Тирана, Албанија.

На семинарот присуствуваа повеќе од 200 учесници од земјите на Европска унија и Западен Балкан. Целта на семинарот беше вмрежување на високообразовните институции од програмски и партнерски земји кои се дел од Еразмус+ програмата.

 

Искуствата од семинарот се многу позитивни и отворија можност за воспоставување на значајни контакти со универзитети од различни делови на Европа што од друга страна претставува голема придобивка за студентите на Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија во реализирањето на идните студентски мобилности и студентска пракса.