Трансфер на студии на ФБЕ
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Трансфер на студии на ФБЕ

 

Изградете ја вашата иднина и дозволете ни да ве водиме низ светот на бизнисот! Доколку припаѓате на некоја од следниве категории, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) ви нуди можност за трансфер на студиите:

  • Студирате истовремено на повеќе студиски програми од различни специјалности и изучувате дополнителни курсеви
  • Побрзо напредувате во студиите
  • Сакате да ги продолжите студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која сте биле запишани престанала да работи
  • Сакате да преминете од една на друга студискa програма и насока, од една на друга високообразовна установа или во рамките на ФБЕ и притоа ги користите погодностите на кредит системот
  • Сакате да ги продолжите студиите доколку истите сте ги прекинале под услови определени со статутот на ФБЕ
  • Сте странски студент и не сте успеале да се запишете на ФБЕ заклучно со последниот рок за запишување во оваа студиска година поради незавршена постапка за нострификација на свидетелства и дипломи стекнати во странство
  • Од оправдани причини (болест, смрт на потесен член на семејството) не сте успеале да се запишете на ФБЕ заклучно со последниот рок за запишување во оваа студиска година.

За подетални информации во однос на трансферот јавете се на: 02 2402 160 и 2402 161.

Факултетот за бизнис економија Ви нуди:

  • 4 годишни акредитирани студии
  • Признавање на испити
  • 250 евра/семестар
Повеќе детали за поволностите/предностите на студирањето на ФБЕ на http://goo.gl/lX2Pbx