Нов проект со Универзитетот од Модена
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Нов проект со Универзитетот од Модена

 

Централно Европската Иницијатива (CEI) преку Програма за размена на знаења (KEP) Италија, одобри проект „Воведување на современи методи на учење во Македонија со употреба на италијански искуства“, на кој корисник на знаењето е Факултетот за бизнис економија - Скопје.

Проектот е за временски период од 15-ти јануари 2020 година 15-ти октомври 2020 година со времетраење од 9 месеци. Координатор на проектот е УНИМОР, Италија.

Заради модернизација на образовните системи во Република Северна Македонија во согласност со барањата на брзо менување на пазарот на трудот, основната цел на проектот е размената на знаење и техничката помош, поврзани со методите на е-учење. Тој треба да отвори можностите за имплементација на современи системи за е-учење и нивно интегрирање како јадро на модулите за е-учење во РСМ.

Проектот преку своите компоненти, ќе спроведе истражување и евалуација на тековната имплементација на е-учење на ФБЕ, ќе иницира значителни подобрувања и ќе поттикне понатамошно развивање на капацитетите и квалитетот на образовниот процес.