Продолжување на рокот за Втората меѓународна недела и конференција
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Продолжување на рокот за Втората меѓународна недела и конференција

 

Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија ја организираат Втората Еразмус + меѓународна недела во Скопје, Р. Македонија од 4 до 8 мај 2020 година.

Заради големиот интерес, рокот за учество на меѓународната недела и конференција е продолжен до 29-ти февруари.

Целта на двата настани е да се промовира меѓународната соработка и да се создаде основа за понатамошно воспоставување на партнерства помеѓу институциите учеснички кои доаѓаат од различни земји. Од друга страна, ќе им овозможи на студентите да стекнат знаења од меѓународно признати професори.

Како дел од Меѓународната недела ќе биде организирана втората „Меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата“ на 7 мај, 2020 година.