Бесплатни вебинари на ФБЕ и ИБЕ
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Бесплатни вебинари на ФБЕ и ИБЕ

 

Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија организираат бесплатни вебинари  на следните теми:

  1. “Применливост на економските мерки за справување со кризата од Ковид – 19” на 2ри Мај, 2020 год. во 19.00 часот, со доц. д-р Адријана Булевска Зариќ и проф. д-р Биљана Ѓозинска
  2. “Водење на виртуелна канцеларија со бесплатни онлајн алатки “на 12ти мај, 2020 год. во 19.00 часот, со м-р Мартин Киселички
  3. “Кризен менаџмент и развој на вработените “на 14ти мај, 2020 год. во 19.00 часот, со доц. д-р Аземина Машовиќ

Бесплатните вебинари се наменети за сите вработени во бизнис секторот, без оглед на дејноста. Местата се ограничени, а за учество на сесиите неопходна е само регистрација на следниот линк.

Потврда за учеството, проследена со линк за приклучување и следење на вебинарот за кој се регистрирани, учесниците ќе добијат на мејл. Во текот на вебинарите, меѓу другото, ќе се одговара и на прашања од учесниците, кои ќе треба да бидат претходно доставени на е-маил.. 

Пријавувањето е најдоцна до 1 мај 2020 година до 12 часот (CET)  за првиот вебинар, односно до 10 Мај 2020 год.  до 12 часот (CET) за вториот и третиот вебинар.