ФБЕ како партнер во Европскиот проект „Економија на одржливост“
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ФБЕ како партнер во Европскиот проект „Економија на одржливост“

 

Факултетот за бизнис економија Скопје, како партнер во Европскиот проект „Економија на оддржливост“, кој е дел од програмата Ерасмус+, учествуваше на организираниот онлајн состанок.

На средбата одржана на  7-ми мај, беа сите партнерски институции на проектот: Универзитетот за економија во Катовице-координатор на проектот, Универзитетот во Марибор, Универзитетот во Фиренца, факултетот за бизнис економија Скопје, Колеџ РРИФ за финансиски Менаџмент - Загреб и Универзитетот за применети науки од Вилнус.

Целите на овој состанок беа: меѓусебното запознавање на партнерите, временската рамка на проектните активности, проектниот буџет, видливоста на Проектот и мрежната платформа.

Во наредните 33 месеци преку овој европски проект ќе бидат имплементирани ноза активности: области на истражување, планирање на нов силабус „Економија на одржливост“, учебник за новиот силабус, мрежна платформа поврзана со новиот силабус, организирање на работилници. Преку овој проект продолжува заложбата на Факултетот за бизнис економија Скопје за:

  • проширување на своите меѓународни партнерства со квалитетни високообразовни институции во ЕУ,
  • усогласување на своите образовни процеси со европските стандарди за високо образование,
  • понуда на современи образовни практики со повисок квалитет на сегашните и потенцијалните студенти на Факултетот за бизнис економија Скопје.