Допис до Влада за финансиска поддршка на студенти
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Допис до Влада за финансиска поддршка на студенти

 

Конференцијата на приватни високообразовни установи (КПВУ), во која членува и Факултетот за бизнис економија, побара од Владата да се измени Уредбата објавена во “Сл. весник на РСМ“ број 137/2020 согласно која финансиска поддршка можат да имаат само редовните студенти на државните универзитети. Со оваа Уредба се доведуваат во нерамноправна положба студентите на приватните високообразовни установи, иако Законот за високото образование не прави разлика помеѓу студенти на државни и приватни високообразовни установи.

Бидејќи Уредбата ги дискриминира  студентите на приватните високообразовни установи и ги доведува во нееднаква положба, без да постои за тоа уставна ниту законска основа, од Владата се побара да направи измена и дополнување на Уредбата со цел да бидат опфатени и студентите на приватните високобразовни установи  како корисници на финансиската поддршка.

Документот може да го видите на следниот линк.