Онлајн обуки за јакнење на вештините на матурантите
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Онлајн обуки за јакнење на вештините на матурантите

 

ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје организираше повеќе онлајн обуки во областа на бизнис економијата.

Обуките беа наменети за матурантите од средните училишта во државата, а со цел да се зајакнат нивните вештини и капацитети за директно вклучување на пазарот на труд и/или во академската заедница. Обуките поттикнаа голем интерес кај матурантите и во текот на истите матурантите стекнаа нови сознанија поврзани со претприемништвото, менаџментот, изработка на бизнис план и начините на финансирање на мали и средни претпријатија, потоа за ценовните стратегии, формирањето и калкулацијата на цените на производите и услугите. Дополнително матурантите го продлабочија своите вештини во насока на составување на содржајна работна биографија и мотивационо писмо , како први чекори во процесот на аплицирање за некоја работна позиција.  

Досегашните обуки се спроведоа во повеќе средни училишта во Скопје и Куманово, а се дел од долгогодишната успешна соработка помеѓу Факултетот за бизнис економија и средните училишта во државата во насока на размена на знаење и искуства во областа на бизнис економијата.

Голема благодарност на матурантите кои учествуваа во обуките, како и до кадарот на средните училишта во Скопје и Куманово за прекрасната соработка.